еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Бадниковата поворка ја посети претседателката Сиљановска Давкова

Утринава, ја пречекав и примив Бадниковата поворка, продолжувајќи ја прекрасната традиција, информираше претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

„Ечеше дворот од детските ангелски гласови, а „Вечниот бог“ звучеше божествено. Следеше заслуженото дарување со пакетчиња. Оживеа традицијата, зајакна верата, се зголеми надежта за поубава иднина.

Ние, возрасните за миг бевме зафатени од предбожиќната еуфорија. Го овековечивме моментот со слики.Си посакавме среќен Божиќ и повторна пладневна средба на плоштадот „Македонија“,“ вели Сиљановска Давкова.

Денеска стотици деца од голем број на градови формираа Бадникови поворки, најавувајќи го Рождеството Христово.

Фото: Кабинет на претседателката/Бадникови поворки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема надзор во спроведувањето на законите, изразена корупција и во управувањето со државниот имот, велат од Антокорупциска

Редакција

(Мапа) Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

Сценарио или реален ризик од терористички напади: Што да прават граѓаните во ваква состојба

Силвана Жежова