Во сообраќајката која се случи вчера попладне загина К.К., 42-годишен битолчанец .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Едно лице загина, а дваесетина се повредени во сообраќајка помеѓу комбе со работници и автомобил
Во несреќата се повредени и 19 лица, дел од нив завршија во болницата во Битола, а дел се пуштени на домашно лекување. Сите се вон животна опасност.
До сообраќајката на регионалниот патен правец Битола – Демир Хисар дојде откако се судрија патничко возило „пежо“ и комбе.
Новинарката на ТВ Алфа, Каролина Дурло на својот Фејсбук профил објави фотографии од лице место по несреќата.
Комбето кое пренесувало 18 работници од битолска фабрика било управувано од А.С. (25 ) од селото Вирово, демирхисарско, а патничко возило било управувано од К.Ј. (36) од Битола.
Загинатиот битолчанец бил совозач во на патничкото возило.
Фото: Фејсбук/Дурло