Повеќе од 400 млади од осум земји ја наполнија салата на киното „Милениум“ синоќа, со што го започнаа 12. патешествие наречено „Џифони Македонија“.
Проекцијата на филмот „Последниот пат кога бевме деца“ на Клаудио Губитози ја остави без зборови публиката на фестивалот, со својата топла, но и трогателна приказна, многумина ги разнежни, а неколку сцени од филмот добија и аплаузи.
Директорот Дарко Башески им посака на учесниците да бидат редовни, да учествуваат, да се осмелуваат да кажат што мислат, но, најмногу од сè, да се забавуваат.
Башески му се заблагодари на Клаудио Губитози, идејниот творец на „Џифони Италија“, кој пред 12 години „виде потенцијал во нас и веруваше и повеќе од нас самите дека ќе направиме фестивал. Неговиот дух нè води сиве овие години да одиме напред“, рече Башески.
Промотивна објава