еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Оштетен споменикот на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа, осуда од МНР и градоначалникот на Охрид

Несовесните граѓани во Охрид го оштетиле споменикот „Солза на Роза“, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот „Илинден“ во која загинаа 15 бугарски туристи.

Веста ја објави бугарската агенција БГНЕС, по што следуваше реакција од официјална Софија.

„Ваквиот однос кон сеќавањето на бугарските туристи кои починаа на 5 септември 2009 година е недопустлив. Се надеваме дека овој вандалски чин нема да остане незабележан од властите во Република Македонија и сторителите на срамниот чин ќе бидат откриени и изведени пред лицето на правдата,“ нагласија од бугарското МНР.

Македонското Министерството за надворешни работи најостро го осуди овој вандалскиот акт.

„Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија,“ велат од МНР.

Осуда на вандалскиот чин стигна и од градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот „Солза на Роза“. Апелирам до граѓаните да се воздржат од вакви и слични вандалски однесувања и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти,“ вели тој.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипски пожарникар исчезнал на планината Серта

Редакција

(ВИДЕО) Силјановска ќе собира потписи за претседателската кандидатура, тие што ќе се потпишат ги замоли да си направиле селфи

Редакција

Владата одлучи: Нема продолжување на школската година

Редакција