еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Грција со вето ќе го блокира почеток на преговорите на Албанија со ЕУ

Како и што се очекуваше и најавуваше, Грција со вето ќе го блокира почетокот на преговорите на Албанија со Европската унија, поради затворањето на Фреди Белери од грчката заедница во земјава, кој беше уапсен на последните локални избори за купување гласови.

Белери беше избран за градоначалник, но се уште нема дадено заклетва, бидејќи е во затвор.

Случајот ги влоши односите помеѓу двете земји, а грчки „Катимерини“ објави дека одлуката на Грција да не се согласи со заедничкото писмо на 27. членки на Европската унија за отворање на првото поглавје од пристапните преговори со Албанија претставува значајна ескалација на тврдиот став кон Тирана од страна на Атина.

Првото поглавје од преговорите се основни прашања кои што секоја кандидатска земја мора да ги реши и вклучуваат пет глави кои се однесуваат на: судската власт и основни права, правда, слобода и безбедност, јавни набавки, статистиката и финансиската контрола.

Компликациите во грчко-албанските односи предизвикани од случајот со Белери се спомнати и во редовниот годишен извештај на Европската комисија за напредокот на кандидатските земји, објавен пред неколку дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија почна судењето на градоначалникот Белери, кое може да и донесе “блокада“ од Грција

Поддршка за Македонија, Србија и Црна Гора од Грција за ЕУ, „условена“ за Албанија

И покрај „заканите“ од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Фото: Белери/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починаа 15 лица, најмладиот на 48-годишна возраст

Редакција

Вработен во затворот „Идризово“ пуштил осуденик да избега

Редакција

Грција: 20 туристи од Србија позитивни на Ковид-19

Редакција