еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Поддршка за Македонија, Србија и Црна Гора од Грција за ЕУ, „условена“ за Албанија

Поддршка за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, како и на Македонија, изрази министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Конкретно за нашата земја, Герапетритис рече дека Грција има „цврста волја за интеграција на Северна Македонија во ЕУ, во рамките на верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа“.

Шефот на грчката дипломатија истакна дека Грција веќе игра важна улога на Западен Балкан и потсети дека минатиот месец беше одбележана 20-годишнината „од историската Декларација од Солун, во која јасно се вели дека иднината на Балканот е во рамките на Европската Унија“.

-Нашата земја останува цврсто посветена на развојот, безбедноста, просперитетот и европскиот пат на Западен Балкан, бидејќи интеграцијата и европската перспектива се неопходни за безбедноста и апсолутниот интерес на самата Унија, истакна Герапетритис за „Катимерини“.

Објасни дека го поддржуваат европскиот пат на Македонија, Србија и Црна Гора, изрази поддршка и за продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина, додека пак за Албанија,  посочи дека европската перспектива е „директно поврзана со потребата од почитување на основните правила на владеењето на правото“.

Додаде дек случајот со апсењето и притворањето на градоначалникот на Химара, Фреди Белери „не е само трн во нашите билатерални односи туку и тест за владеењето на правото во соседната земја“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И покрај „заканите“ од Грција со евроинтегративниот пат на Албанија, градоначалникот од грчката заедница останува во притвор

Тензијата меѓу Албанија и Грција расте: Тирана побара да се почитуваат нејзините институции по апсењето на грчки кандидат за градоначалник

МИА/Фото: Герапетритис/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19,7% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле хоспитализирани

Редакција

Македонија влезе во трета фаза, Куманово, Скопје и Дебар се во четврта: Какви се проценките за ширење на коронавирусот

Редакција

(Фото) Македонското и НАТО знамето под водите на Охридското Езеро

Редакција