еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Фото) Ревијалната трка „Вози право, вози здраво“ обедини над 8.000 учесници кои возеа за здрави животни навики

Над 8.000 луѓе од сите возрасти вчера возеа низ „ослободените“ улици од возила во центарот на Скопје и дадоа придонес во промовирањето здрави животни навики, како дел од настанот „Вози право, вози здраво“ кој Стопанска банка АД Скопје го организира по осми пат, информираат од Банката.

Во годината кога Банката прославува 80 години од постоењето, осмото издание на традиционалната ревијална трка повторно на едно место ги собра сите љубители на еколошкиот превоз на тркала, како урбана форма на транспорт која е економична, безбедна и не ја загадува животната средина.

Почетокот на ревијалната трка беше кај Порта Македонија, каде што неколку илјади насмеани лица нестрпливо чекаа да биде означен стартот и да возат по улиците кои само за нив беа ослободени од возила. Возејќи симболично низ центарот на градот, со маичките обезбедени од организаторот, учесниците во долга колона, го постигнаа ефектот на видливост и стигнаа до Градскиот парк за да бидат дел од големата забава организирана во нивна чест.

Таму прво се освежија со „Горска“, сладоледи „Фриком“ и грицки од „Витаминка“, па ѝ се препуштија на неколкучасовната забава што ја водеа шармантните водители Марко Марк, Дени Џидрова и Александар Матовски – Цако. Следеше богата музичка програма со ОХО и омилените јунаци од „Пет+ фамилија“ и диџеј Иван, како и повеќе спортски и забавни содржини организирани од Крафт продукција.

Посетителите уживаа и во уметничко катче на графити уметникот Dreadpen кој во соработка со посетителите изработуваше креативно платно кое Банката ќе го постави во своите работни простории.

Во рамки на лотаријата во живо, еден од најсреќните учесници на “Вози право, вози здраво“ доби ваучер од 12.000 денари што го обезбеди пријателот на настанот Град Скопје, а забавата кулминираше со извлекувањето на лотаријата со 80 вредни подароци по повод јубилејната година на Банката.

Извлечени беа добитници на Specialized велосипеди за деца и за возрасни, Specialized заштитни кациги, тротинети, Garmin паметни часовници, ролерки, спортски ранци, хамоци, JBL слушалки и Stanley термоси. Покрај овие подароци, Стопанска банка додели уште над 200 утешни подароци како подароци: шишиња за вода, торби за велосипеди и маички.

Традиционално, Стопанска банка ќе го заокружи и ова издание на „Вози право, вози здраво“ со донација за комплетирање на изградбата на СТБ детскиот велодром во паркот Сарај, како продолжение на сите досегашни активности поврзани со промоција на алтернативниот начин на превоз.

Во изминатите години, Банката донираше средства за изградба на првиот детски велосипедски полигон, 14 станици за поправка на велосипеди, 105 паркинзи за велосипеди, даде поддршка за изградбата на првиот pumptrack полигон, ја финансираше изградбата на вториот pumptrack полигон во Скопје – TOPSI Pumptrack и донираше опрема за модерни паркинзи за велосипеди за 15 средни училишта во Скопје.

Активностите на Банката поврзани со поддршка и промоција на еколошкиот превоз и здравите животни навики не се поврзани само со настанот „Вози право, вози здраво“, туку траат преку целата година со системски планирани активности со кои се унапредуваат условите за велосипедистите во урбаните средини, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 308 болни од Ковид-19

Редакција

Македонија ќе го ограничи извозот на јајца

Редакција

Не чека двоен раст на цената на струјата или ќе имаме рестрикции

Редакција