еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Реконструкцијата на Универзална сала треба да заврши до 2026 година, еве како изгледа сега

Реконструкцијата на Универзална сала во Скопје треба да заврши до 2026 година.

Фирма изведувач е „Универзал-Балкан“, која деновиве започна со градежни работи за реконструкцијата на надворешноста на објектот.

До летово треба да биде готова надворешноста и куполата, по што ќе се продолжи со внатрешноста.

Сцената и просторот за публиката ќе бидат целосно модернизирани, а бројот на седиштата ќе се намали за 300, поради новите противпожарни и архитектонски прописи.

За реконструкцијата на Универзалната сала за годинава се обезбедени 120 милиони денари, за 2025 година се обезбедени 443 милиони денари, а истата сума се предвидува и за во 2026 година.

Проектант е Бујар Муча од „Мегарон инженеринг“.

Универзална сала е затворена девет години, а еве како изгледа моментално:

Фото: Министерство за култура

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По намерата за преземање од Орка холдинг, Жито Полог ставен на „Листата за набљудување“ на Берзата

Редакција

Жена пронајдена почината во нејзиниот дом во Скопје, во станот имало чад од опожарен клима уред

Редакција

За неполна година регистрирани над 40 семејни винарии во Тивешко, Прилеп, Битола, Скопје, Куманово…

Редакција