еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Цел свет виде како системот во Кочани за пари уби деца

Трагедијата во Кочани, каква што не памети Македонија, е топ тема низ светот.

Највлијателните медиуми низ светот и регионот во детали известуваат за пожарот во т.н. дискотека во Кочани, во која загинаа најмалку 59 лица, меѓу кои и речиси цел состав на групата ДНК, која таму имала концерт, со пиротехника, која е и причината за пожарот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани

Поврдени се 155 лица, од кои неколку во критична состојба, па македонските институции ги пратија на лекување по регионот. Благодарност за сите земји што понудија помош!

Освен за бројот на жртвите, медиумите низ светот фокусот го ставаат на шупата наречена дискотека, со еден влез/излез на која некој и дал дозвола да работи така со години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Оваа е шупата, т.н. дискотека во Кочани во која ни загинаа најмалку 51 дете

Како и во многу други објекти низ Македонија и овде излез за итни случаеви немало! Затоа ни отидоа толку многу деца. Немале од кај да излезат!

Нормално, немала ни хидрант!

Кога ја изгубила, една година, шупата, поранеш магацин за теписи, продолжила да си работи со фалсификувана лиценца, благодарение на мито и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Немало хидрант, резервниот излез за евакуација бил заклучен со катанец без брава: Хорор услови во т.н дискотека

И пак нормално никој не ја контролирал, иако претходно ја изгубила лиценцата поради тоа што не ги исполнувала условите за работа.

Освен светот што виде тага, болка и бес, виде практично како функционира корупцијата и митото во Македонија, земја во која за пари горат живи луѓе. Сега сите знаат каква ни е државата!

Не ни е првпат. Ние сме една од ретките земји каде живи изгореле луѓе во болница, а за тоа бил виновен штекер!

Децата нема да ни се вратат! Стотици фамилии системот ни зави во црно! По којзне кој пат!

Време е за сериозна одговорност, инаку сите ќе изгориме!

А шупата нека ја остават, да сведочи во каква мизерна земја живееме, во која човечкиот живот пет пари не вреди!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поранешниот министер Бектеши на распит, потпис на фалсификуваната лиценца за т.н. дискотека ставила Чекиќ-Дуровиќ

Обвинителство поведува постапка за проверка на 11 лица, за осуммина бара краткотраен притвор од кои тројца се хоспитализирани

(Вознемирувачко) Први снимки од почетокот на пожарот во дискотеката во Кочани, во кој загинаа најмалку 30 лица

Фото: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Останува притворот за бегалецот Груби, Кривичен му ја одби жалбата

Редакција

Расте црниот биланс: Најмалку 28 жртви и 650 повредени од земјотресот во Албанија

Редакција

Убава вест: Оздравени 14 болни од Ковид-19

Редакција