еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа  

Со специјален настан на кој присуствуваа околу 170 лица Цементарница УСЈЕ го обележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, информираа од таму..

Компанијата посветува големо внимание за безбедноста и здравјето на своите вработени. Оваа областа е еден од основните принципи на секојдневното функционирање на УСЈЕ, на чија имплементација му се посветува огромно внимание преку континуираната едукација и подигнувањето на стандардите, посочуваат од таму.

На настанот во УСЈЕ, покрај вработените во компанијата, присуствуваа и претставници на институции, академската заедница и специјализирани организации и претставници на компанискиот синдикат.

Во рамките на настанот презентации одржаа главниот извршен директор Константинос Николау, техничкиот директор Гоце Цветковски, како и менаџерот за безбедност и здравје при работа.

Директорот Николау, потенцирајќи ја важноста на оваа тема, истакна дека безбедноста и здравјето при работа е еден од основните принципи и цели на компанијата и е дел од компаниските вредности.

Техничкиот директор Гоце Цветкоски ги презентираше достигнувања низ годините, додека менаџерот за безбедност и здравје при работа ги презентираше активностите кои ја потврдуваат посветеноста на компанијата во однос на безбедноста и здравјето при работа на вработените во УСЈЕ.

На вработените кои дадоа особен придонес за подигнување на стандардите во оваа област им беа доделени награди, и тоа за индивидуален и за тимски придонес.

На настанот гостин беше и директорот на регионот за Албанија, Косово и Северна Македонија, Марио Браци.

УСЈЕ во континуитет работи на подигнување на стандардите за безбедност и здравје при работа. Во текот на целата година се организираат обуки, тренинзи и други форми на едукација за вработените, а во оваа насока компанијата соработува со низа релевантни институции, специјализирани во оваа област, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвора првиот и единствен ХоРеКа центар во Македонија – Alpha Venue Horeca Equipment

Редакција

Светска премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд“ во продукција на МКЦ на фестивалот „CPH:DOX” во Копенхаген

Редакција

Преку седумдесет министри и гувернери на состанокот на Холандско-белгиската конституенца, кој се одржува во Скопје

Редакција