еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Шведска стана првата земја без чад од тутун со помош на алтернативи

Шведска постигна историски успех со тоа што стана официјално првата земја во светот без чад од тутун. Швеѓаните ја постигнаа оваа цел 16 години пред планираниот рок на Европската унија, додека повеќето други земји-членки имаат потешкотии да ја постигнат таа цел, велат експертите.

Според официјалните здравствени податоци од шведската агенција за јавно здравје, само 4,5% од возрасните родени во Шведска пушат, што е значително под глобално прифатениот стандард од 5%. Во Европа, просечната стапка на пушење е пет пати поголема – 24%.

Овој извонреден успех швеѓаните го должат на пионерската политика во промовирањето на побезбедни алтернативи за цигарите.

„Ова извонредно достигнување означува значаен момент за глобалното јавно здравје и е доказ за прогресивните политики на шведскиот пристап за контрола на тутунот“. Во 1960-тите, речиси половина од мажите во Шведска беа пушачи. Со прифаќање на алтернативните никотински производи, Шведска отвори јасен пат кон општество без чад, истовремено заштитувајќи го јавното здравје,“ изјави д-р Делон Хуман, водач на иницијативата Шведска без чад.

Новата статистика покажува дека 5,3% од сите возрасни луѓе во Шведска, вклучувајќи ги и имигрантите, сè уште пушат. Интересно е тоа што луѓето родени надвор од Шведска имаат три пати поголема веројатност да пушат од оние што се родени во Шведска.

„Клучот за успехот на Шведска е прагматичниот пристап кон намалување на штетата, а не забраните. Широка палета на побезбедни никотински производи со различни јачини и вкусови легално е достапна и онлајн и во продавниците. Оваа политика, заедно со специфичната фискална политика која овозможува поповолни цени за производите без чад, ги охрабри шведските потрошувачи да донесуваат поздрави одлуки,“ вели Андерс Милтон, поранешен претседател и генерален директор на Светската медицинска асоцијација.

Благодарение на оваа стратегија, Шведска има најниска стапка на болести поврзани со пушењето во ЕУ и дури 41% помала инциденца на рак од другите европски земји.

ФДА поддржува алтернативни производи

Американската агенција за храна и лекови (ФДА) ја одобри комерцијализацијата на 20 никотински производи ZYN, по обемна научна анализа, потврдувајќи дека никотинот не е канцероген.

Успехот на Шведска, како и позитивниот став на американската ФДА, би можеле да бидат клучни за глобалните стратегии против пушењето.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 87 заболени од корона вирусот од 1.156 тестирани, најмногу во Скопје, Гостивар и Куманово

Редакција

Која е Ане Лашкоска, новата заменик министерка за екологија

Редакција

Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење, тврдат од Европска комисија

Редакција