еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штекли и уште девет членови на неговата група завршија во затворот во Шутка

Скопјанецот Раде Трајковски Штекли, кој заедно со негови соработници беше уапсен за време на викендот, доби 30 дена притвор и е спроведен во затворот Скопје, познат како Шутка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсен е Раде Трајковски-Штекли

Другите лица кои добија притвор и завршија во затвор се П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. .

Како што информираа од Кривичниот суд Скопје притворот по барање на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, им е одреден поради опасност од бегство, можност за повторување на делото и влијание на сведоци.

Тие се осомничени за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.

Две лица од криминалната група на Штекли не се достапини на органите на прогон, а Кривичен и ним им одреди притвор, кој ќе почне да се спроведува откако ќе бидат лишени од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Што пронајде полицијата кај Раде Трајковски Штекли и неговите соработници

Кој е Раде Трајковски-Штекли, кој е уапсен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Симон Трпчески со два концерти со проектот „Македонисимо“ во Македонска филхармонија

Редакција

Талат Џафери ќе биде технички премиер од 28. јануари

Редакција

Борел вели дека за Македонија нема пречки за приклучување во ЕУ, билатералните прашања немало да го одредат процесот на приклучувањето

Редакција