еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Што се празнува на Велика Сабота

Во светата и Велика Сабота се празнува боготелесното погребение и слегувањето во адот на Господа Бога и Спасителот Исуса Христа, преку Кого нашиот род беше призван и пријде во вечен живот, велат од Православно секојдневие.

„Сите дни ги надминува Светата Четириесетница, од целата света Четириесетница, најголема е Страстната и Велика седмица, а од Страстната седмица најголема е Великата и Света Сабота. Не се нарекува велика седмица затоа што тие денови се поголеми или часовите подолги, туку заради великите и надприродни чудеса и дела на коишто нашиот Спасител ги изврши во неа, а најмногу во Великата Сабота.

Како што во првото создавање на светот, откако го изврши секое дело, а најглавното последно – во шестиот ден го создаде човекот, во седмиот ден Он одмори од сите Свои дела и тој ден го освети нарекувајќи го сабота, што се толкува како „одмор“. Така и сега, откако изврши сè извонредно, а во шестиот ден го пресоздаде изветвениот човек и го обнови со живоносниот Крст и со смртта, во следниот седми ден се упокои од извршените дела, заспивајќи со животворен и спасителен сон.

Словото Божјо слегува со телото во гроб, слегува и во адот со Својата нетлена и Божествена душа, разделувајќи се во смртта од телото коешто го предаде во рацете на Отецот, Кому му ја принесе и Својата Крв, што стана избавување за нас. Во адот, Господовата душа не беше задржана како другите свети души, бидејќи Тој не подлежеше на прародителската клетва како тие.

Се всели во гроб, нашиот Господ Исус Христос телесно и со Божеството. Беше со разбојникот во рајот и во адот беше со Својата обожена душа. Натприродно и со Отецот и Духот седеше, како Бог неопислив секаде беше истовремено. Божеството не пострада во гробот, како што не пострада ниту на Крстот. И тление, односно разделување на душата од телото, претрпе Телото Господово, но распаѓање на телото – не. Јосиф, пак, откако го зема светото Тело Господово, во погреба во нов гроб близу Јерусалим, во градина, и на влезот стави голем камен,“ пишува на Православно секојдневие.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски: Следната недела ќе се знаат идните чекори во врска со здружението „Ванчо Михајлов“, името е провокација

Редакција

Официјално: Се враќа полицискиот час, целосен карантин за Скопје, Куманово, Штип, Тетово…

Редакција

Ковачевски најави вклучување на Евреите во Уставот

Редакција