еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Јавна опомена за четири друштвa кои котираат на Македонската берза

На друштвата Тутунски комбинат АД Прилеп, Вабтек МЗТ АД Скопје, Жито Караорман АД Кичево и ДС Смитх АД Скопје им е изречена мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата, информираа од Македонската берза.

-На друштвата Тутунски комбинат, Вабтек МЗТ и Жито Караорман, котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Задолжителна котација на Македонска берза АД Скопје, поради необјавување на неревидирани финансиски извештаи (Биланс на состојба, Биланс на успех, Извештај за паричните текови, Извештај за промените во капиталот) за периодот 01.01. – 31.12.2024 година најдоцна до 01.03.2025 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 3 од Правилата за котација.

На друштвото ДС Смитх, котирано на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација на Македонска берза, поради необјавување на образложение на резултатите кон неревидирани финансиски извештаи за периодот 01.01. – 31.12.2024 година, со што издавачот не постапи согласно член 40, став 4  од Правилата за котација.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела едно починато лице од Ковид-19, регистрирани 172 нови случаи

Редакција

Нов шопинг центар: Што нуди новиот „Поинт ретаил парк“ кој е прв во регионот

Редакција

„Мермерен комбинат“ ќе подели бруто дивиденда од 22,8 милиони евра

Редакција