еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јас сум на два света, ќе донесам лична одлука дали ќе се придружам на постарата ќерка, вели таткото на Вања

Александар Ѓорчевскитаткото на убиената 14-година Вања Ѓорчевска, кој е еден од осомничените за нејзиното киднапирање повторно преку неговиот адвокат Владимир Туфегчиќ бара излегување од притвор.

Тој бара укинување на притворот, бидејќи речиси четири месеци е во притвор, а според неговиот адвокат досега „не е дадена барем една индиција дека Обвинителството има основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично дело.“

Обвинителката Наталија Тасевска на денешната расправа за оваа барање, рече дека истрагата е во тек со вештачење на телефонските разговори и затоа се уште постоои основано сомнение дека Ѓорчевски сторил кривично делчо – грабнување.

„Притворениот може да влијае врз сведоците, затоа што нема гаранција дека иако тие се испрашани, нема подоцна да ги сменат изјавите пред судечкиолт судија,“ изјави таа и бара Ѓорчевски да остане во притвор.

Ѓорчевски пак низ солзи изјави дека не му е важно каде ќе ја дочека разрешницата на случајот, бидејќи е на два света.

„Јас сум на два света во моментов. Едното дете се наоѓа тука, другото ми го земаа. Не ми е битно каде ќе ја дочекам оваа разрешница. Кога ќе се донесе одлуката ќе донесам лична одлука, дали ќе се придружам на постарата ќерка (Вања, н.з.)“, рече Ѓорчевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таткото на Вања Ѓорчевска останува во притвор

Возачот на Палчо до Турција ослободен од притвор

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија од утре ќе извезува сончогледово масло во Албанија

Редакција

(Галерија) Во болницата „Жан Митрев“ има 10 апартмани од кои два луксузни

Редакција

5.713 фирми немаат исплатено плати на вкупно 14.829 вработени

Редакција