еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичен се иззема од одговорност за Јованов, на Судот не му е јасно зошто неговото пуштање од притвор се поврзува со усмртувањето на Фросина

По бурните реакции во јавноста по информациите дека на 20-годишниот Васил Јованов од Скопје, кој завчера ја усмрти 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино, од страна на Кривичниот суд Скопје му бил укинат притворот за претходно дело за кој бил осуден, а во меѓувреме додека трае жалбената постапка, го прегази девојчето, денеска се огласија од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое ја усмрти Фросина Кулакова било осудено, но останало на слобода, сега доби притвор

Од таму ги потврдија информациите дека тој случај го водела судијката Даниела Алексовска Стојановска.

Од Кривичен велат дека Јованов на 31.07.2024 година бил првостепено осуден за две кривични дела – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори, а по предметот постапувала Алексовска Стојановска, која поради неговата возраст му изрекла воспитна мерка, која требало да ја издржува во воспитно поправен дом во Тетово.

-Мерката притвор не може да опстојува, заради што јавниот обвинител вложил жалба во однос само на кривичната санкција, велат од Судот, па предметот е доставен на надлежно постапување на Апелациониот суд Скопје, од каде се уште не бил вратен на евентуално извршување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момчето кое ја прегази Фросина Кулакова во 2022 направило уште една сообраќајка

Согласно евиденцијата на Судот, Јованов не бил осудуван за друго кривично дело и за него не се водела друга постапка за други кривични дела.

-Исто така до овој момент до Судот не е процесуирана друга кривична пријава, ниту пак прекршочна пријава од областа на Сообраќајот, а лицето е евидентиран, единствено како малолетник во 2021 година кога му е изречена судска опомена заради нарушување јавен ред и мир, велат од Кривичен суд.

На Судот не му е јасно како јавноста ги поврзува првиот случај каде Јованов е осуден за дрога, со случајот кој сега се води за усмртување на Кулакова.

-Како суд, изразуваме жалење за загубата на млад човечки живот. Но, имајќи го предвид сето погоре наведено, нејасна е конекцијата кој се создава во јавноста за кривичен предмет кој во прв степен е завршен со Заводска мерка на одредено лице за едно кривично дело, со друго кривично дело кое е сторено седум месеци потоа.

Дали некој во правосудниот систем можел да претпостави дека обвинетиот после седум месеци од донесената пресуда со која истиот треба да се институцијализира, може да стори друго кривично дело, па заради тоа требало да биде задржан во притвор. Законите во нашата земја како и Меѓународните конвенции за човекови права тоа не го дозволуваат.

Дали за системскиот проблем со црните сообраќајни точки, каде не ретко се случуваат сообраќајни несреќи, вината е на судството, ако се има предвид било кој граѓанин кој претходно не бил во судир со законите, може да предизвика сообраќајна несреќа со жртва заради недозволена брзина, управување под дејство на алкохол и не поседување возачка дозвола. Станува збор за општествен проблем, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео+фото) Река од луѓе на протестот за Фросина Кулакова во Скопје

(Видео) Свеќите на Партизанска немо сведочат за згаснатиот живот на Фросина Кулакова

Починатата Фросина Кулакова била дизајнерка од Неготино

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството побара притвор за таткото на Вања, спроведен е во Кривичен

Редакција

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Редакција

(ВИДЕО) Безбедносните камери од околните згради, го прикажуваат ужасниот пожар на ковид-центарот во Тетово

Редакција