еМагазин
Image default
Македонија

Jавниот сектор лани пораснал за над 3.300 вработени

Министерството за информатичко општество и администрација денеска го објави Извештајот за вработени во јавниот сектор за 2018 година.

Извештајот содржи информации за структурата на вработените во јавниот сектор. Нивниот број, распределбата по дејности и институции, половата, етничката и возрасната застапеност. Податоците во Извештајот се резултат на вкрстена анализа на податоците од МИОА, Министерството за финансии, Агенцијата за вработување, и Фондот за здравствено осигурување.

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2018-та година во изнесува 132.068. Вработените се распределени во 1.314 институции.

Во анализата на вработените исклучени се податоците за 19.904 лица (МВР, Армија и Агенција за разузнавање). Овие институции влегуваат во вкупната бројка, но за нив не се објавуваат детални анализи од безбедносни причини.

Бројот на вработени во органите на државна власт во 2018-та година изнесувал 16.594, наспроти бројката на вработени во јавниот сектор, која што изнесува 132.068. Во најголем дел од институциите кои спаѓаат во оваа категорија се бележи намалување на бројот на вработени.

Процентот на жени вработени во јавниот сектор е поголем од процентот на мажи. Бројот на жени во јавниот сектор е зголемен во однос на 2017-та година, кога имало 58,564 жени, а во јавниот сектор во 2018 година, бројот на жени изнесувал 60,593.

Во однос на образовната структура, во 2018-та година зголемен е бројот на вработени со високо образование и вработени магистри.

Со високо образовние во 2017 година имало 46.405, додека во 2018 година, бројот изнесува 50.301. Во 2017та имало 4.861 магистер, додека во 2018 имало 5.053.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно дојави за бомби во 13 училишта во Скопје

Редакција

Билјана Ванковска прва жена која собра 10.000 потписи за кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

Детали од МВР за апсењето на креаторот и администраторот на Јавна соба: Ќе одговараат за „производство и дистрибуција на детска порнографија”

Редакција