еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ќе дознаеме ли дали трето лице им помогнало на Груби и Беџети за да ги заташкат предметите за Мијалков

И по еден месец од бегството на Артан Груби, поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, не се знае каде е.

Тој ја напушти Македонија откако заедно со судијата од Апелациониот суд Скопје, Енвер Беџети, завршија на „црната листа„ на САД, пред да биде објавен случајот со криминалот во Државна лотарија, во кој е осомничен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сѐ освен Артан Груби и Енвер Беџети е на „црната листа“ на САД

Двајцата се најдоа на листата поради влијание врз судските процеси за поранешниот прв човек на поранешната Управа за разузнавање и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков.

Од Основното јавното обвинителство вчера информираа дека предистрагата за двајцата за овој случај продолжува, иако Груби е недостапен за органите на прогон и дека се уште е во фаза на предистрага.

Од таму, како што е познато од порано, проверуваат и дали трето лице им помагало во заташкувањето на предметите за Мијалков, кој е исто така на „црната листа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалецот Груби немал албански пасош, вели за „БИРН“, советник на албанскиот претседател

Како бегалецот Груби стигнал до Тирана?

Бизнисменот Папранику го однел Груби во Тирана?

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвора 14.Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Редакција

(Видео) Хаос во Вевчани: Полицијата го растури карневалот, има приведени

Редакција

Каков имот пријавил Никола Додов, новиот директор на Фондот за иновации и технолошки развој

Редакција