еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

1.000 прехранбени и непрехранбени производи ќе имаат ограничени маржи

Владата донесе одлука за ограничување на бруто профитната маржа на 102 групи производи или на повеќе од 1.000 прехранбени и непрехранбени производи.

Од таму информираа дека на 5% се ограничува бруто профитната маржа на основните осум прехранбени производи: млеко, леб, брашно тип 400 и 500, јајца, масло за јадење, јогурт и кисело млеко.

На 10% е ограничена маржата на месо и преработки од месо, шеќер, млечни производи, маргарин, путер, конзервиран зеленчук и овошје, грав, ориз и тестенини, а на 15% на свежото овошје и зеленчук, детергенти, бебешка храна, пелени, сапун, тоалетна хартија и слично.

Со оваа одлука сите трговци се задолжуваат да имаат најмалку 70% од овие 102 групи производи.

Дополнително, донесена е и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи основни прехранбени производи при што како највисока цена се утврдени цените од 1. февруари 2025 година.

Одлуките ќе стапат во сила следниот ден откако ќе бидат објавени во Службен весник и ќе траат до 30. април.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Зоран Димитровски, новиот заменик министер за надворешни работи

Редакција

Радев на Денот на сеќавање на Холокаустот ги “заборави“ 7.144 македонски Евреи кои Бугарија ги депортираше во Треблинка

Редакција

Седум починати лица од Ковид-19, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција