еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

11 години „еМагазин“: Модел за пазарно ориентиран медиум, кој пласира проверени и точни информации

„еМагазин“ денеска го прославува својот 11. роденден.

Не е лесно да се успее на пазар на кој конкуренција ни се клик медиуми со сензационални наслови, медиуми финансирани од амбасади и фондации, медиуми помогнати од политички партии и други центри на моќ, како и пазар на кој има „тепачка“ за реклами, но еМагазин е доказ дека ако останеш доследен на професионалноста, успехот и во Македонија е загарантиран.

Изминативе 11 години се случија неверојатни промени на политички и економски план во Македонија и светот, а во овој период, покажавме дека во земјава може да опстои независен медиум, без државна или странска помош, кој е 100% пазарно ориентиран и кој секојдневно ги информира граѓаните, исклучиво со вистинити и проверени информации.

Нашата решителност за борба против лажните вести и влијанија од различни центри секојдневно ја препознаваат се поголем број читатели и клиенти, што ни претставува особено задоволство и поттик за работа.

На 11. роденден со гордост можеме да кажеме дека „еМагазин“ од основањето до денес значително придонесува кон презентирање на информации базирани на факти водејќи се од начелата за етичко и непристрасно информирање.

На тој начин успеавме нашето бебе да го израснеме до 11-годишно дете, при тоа минувајќи низ пекол и различни премрежија, но и многу убави моменти, како што е на пример чувството кога со корисна и проверена информација му се помага на еден или на илјадници наши сограѓани.

Во иднина, „еМагазин“ има сериозни планови да се зближи со јавноста уште повеќе и да прерасне во медиум кој ќе ја освои довербата на граѓаните нудејќи вистинита и богата содржина.

Единствен начин за тоа е да ја продолжиме борбата против лажни вести и сензационално информирање, но и да се бориме меѓу секојдневните политички перверзии во медиумите на прво место да се вратат вистинските проблеми на граѓаните и на компаниите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче најави враќање на рестриктивните мерки поради состојбата со Ковид-19

Редакција

Ременски: Видов се освен докази против мене во случајот „Меѓународен сојуз“

Редакција

СЈО ја тера истрага за „Попис“: Ќе одговараат ли Али Ахмети и Никола Груевски?

Редакција