14-годишно момче од Гостивар ја силувал малолетната сестра

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднел Барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 14-годишно дете, бидејќи постои основано сомнение дека вршело продолжено кривично дело – Родосквернавење, предвидено во член 194 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, информираа од Обвинителството.

-Детето во судир со законот, во февруари 2026 година во два наврати го искористил отсуството на родителите и извршил обљуба врз неговата 13-годишна сестра.

Малолетниот брат подолг временски период испраќал пораки со непристојна и експлицитна содржина на жртвата, а во два наврати против нејзината волја ја принудил на сексуални односи.

Имајќи ги предвид законските основи и особено потребата од заштита на жртвата, јавниот обвинител достави и посебен предлог за определување мерка притвор за детето во судир со законот, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести