Наскоро преку лицитација ќе се продава нов имот на поранешниот прв човек на поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, запленет за случајот „Империја“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе се продава и имот на Груевски, проценет на 8 милиони евра
Како што информираат од Агенцијата за управување на одземен имот за Скопје 1 станува збор за 20 станови и осум гаражни места на улицата Славејко Арсов во Скопје, два апартмани во хотелот Панорама Резиденс во Скопје, два апартмани во хотелот Парк во Охрид, како и градежно земјиште во Радња, Центар и Богородица, и деловен простор на улицата 11 Октомври.
Агенцијата целиот овој имот го проценила на 21.450.000 евра, па од таму очекуваат преку лицитацијата да биде собрана најмалку оваа сум, која ќе оди во државниот буџет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Мијалков со ферари “дојде“ на Вевчанскиот карневал