еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

23-годишната пациентка која почина од Ковид-19 била оперирана од тумор на хипофиза, а 29-годишната имала заболување на тироидната жлезда

Министерство за здравство денеска информираше дека се починати девет лица од Ковид-19 помеѓу кои и пациентки на 23 и 29-годишна возраст.

И двете пациентки, според информациите од Министерство за здравство за „еМагазин.мк“ имале претходни заболувања.

„Пациентката 23 години од Скопје е потврдена позитивна на 5 септември, а претходно 4 дена била со симптоми: температура, кашлица и тешко дишење.

Хоспитализирана е на 12 септември на Инфективната клиника во Скопје и веднаш класифицирана како тежок пациент, ставена на кислород.

Ден пред да настапи смрт, состојбата на пациентката се влошила со пад на сатурација, по што била ставена на неинвазивна вентилација (НИВ). Смртта настапила нагло.

Пациентката имала коморбидитети, опериран тумор на хипофиза и морбус кушинг- ендоринолошко заболување.

Пациентката на 29 години oд Струмица е почината во Клиниката Жан Митрев.

Во епидемиолошкиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) стои дека имала заболување на тироидната жлезда“, велат од Министерство за здравство за „еМагазин.мк“.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, 55 лица на возраст до 19 години во Македонија се заразиле со Ковид-19, за периодот од 7 до 13 септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела 55 лица на возраст до 19 години се заразиле со Ковид-19

Починаа уште 9 лица од Ковид-19: Меѓу нив пациенти од Скопје на 23 и од Струмица на 29 години

Во Струмица 13 новозаболени од Ковид-19, најмладиот има осум години и двајца починати

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здравствени проблеми на Ендмонд Темелко го одложија „Титаник“ за 27. февруари

Редакција

(Видео) Морбидно: Израелци се исмеваат со маката на Палестинците на социјалните мрежи

Редакција

И италијанскиот ланец на супермаркети Conad најавува влез во Македонија

Редакција