еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Родители на 14.555 деца покажале интерес тие да посетуваат градинка

Анализите на Министерство за труд и социјална политика покажале дека согласно Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца.

Но и дел од родителите што веќе ги пријавиле децата, изминатата недела не ги носеле во градинка.

„Од тие причини Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да ги проверат родителите и да утврдат дали тие деца ќе доаѓаат во градинка. Дополнително, приоритет за згрижување во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители.

Од тие причини потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна. Простор во градинките има, Протоколот се почитуваа целосно, Министерството и Владата внимателно ја следат работата  и затоа работниот процес мора целосно да се врати во нормала“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дете од градинката „13 Ноември“ во општина Центар позитивно на Ковид-19

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Блерим Река слави 40 години брак

Редакција

Попладне врнежи од дожд, на одредени места ќе бидат поројни и можно е да предизвикаат поплави

Редакција

Вакцина за корона вирусот нема да има до крајот на годината, најбрзо за година и половина

Редакција