Момче на возраст од 23 години од Скопје починало вчера, откако паднало од објект во изгрдба во Бит Пазар.
Станува збор за М.О., кој по падот со тешки телесни повреди, бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, каде починал после неколку часа.
Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, момчето отишло на објектот да му однесе јадење на неговиот татко, кој работел на објектот.
Неговото тело е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.