еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

25-годишен македонски државјанин загина кај Врање, а еден е полесно повреден

Македонски државјанин Н.В. (25), загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила кај Врање, јавуваат српските медиуми.

Автомобил марка „фолксваген голф“ излетал од патот и удрил во банкина, при што еден загинал, а другото момче кое било во автомобилот било повредено.

Според пишувањата на српските медиуми, двете момчиња биле во кафеана, а несреќата се случила откако тргнале назад кон Македонија.

Од силината на ударот автомобилот се превртел на покривот, а телото на загинатиот било предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од коронавирусот може да починат околу 1,8 милиони луѓе во светот

Редакција

Кумановската „Делукс-ауто“ го доби тендерот на Агенцијата за стоковни резерви за набавка на лимузина вредна 30.000 евра

Редакција

Ниедна земја не може да го држи целиот пристапен процес во заложништво, кажа литванскиот министер Ландсбергис во Скопје

Редакција