25-годишник момче загина во сообраќајка кај Старо Нагоричане

Момче на возраст од 25 години загина вчера во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, на место викано „Смилчинци“, во Општина Старо Нагоричане.

Се работи за С.Т. од кривопаланечкото село Нерав, а починал во Општата болница Куманово.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово до несреќата дошло откако тој со патничко возило „фолксваген голф“ удрил во куче скитник.

По ударот возилото преминало во спротивна сообраќајна лента и директно се судрило со патничко возило „бмв“ со кривопаланечки ознаки, управувано од Ф.Ј. (27) од кривопаланечкото село Длабочица.

Повреден е и возачот од другото возило, како и сопатничките во истото, А.С. (20) и С.Ј. (53), и двете од Крива Паланка.

Телото на починатиот е дадено на обдукција. 

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести