еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Решен е проблемот за петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба

Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, ќе бидат снабдувани од ЕСМ Продажба од денеска, 1 декември, информираат од компанијата.

„На состанокот одржан меѓу РКЕ, АД ЕСМ, ЕВН Електродистрибуција и МЕМО, во согласност со Правилата за снабдување, одлучено е покрај договор за снабдување, петте фирми со ЕСМ Продажба да потпишат и договор за откуп на киловатите електрична енергија кои сами ги произведуваат, а кои нема да ги искористат и ќе ги вратат во мрежа.

ЕСМ Продажба, кој ќе ги снабдува по субвенционирана цена од 80е/MWh, ќе ги откупува нивните преостанати количини по цена од 80 евра минус 10%.

Договорите со петте фирми ќе бидат потпишани во текот на денот, и ќе важат од денеска.

Воведениот принцип ќе се применува и за сите други вакви случаи, доколку се појават при пријавувања за снабдување во следните месеци,“ се вели во соопштението.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Во последен момент спасен животот на малиот Ноар од Косово

Редакција

Поранешна членка на Управниот одбор на МЕПСО го оштетила буџетот на компанијата за над 360 илјади евра

Редакција

Приклучете се на електродистрибутивната мрежа без посета на приемните канцеларии

Редакција