еМагазин
Image default
Локално

Пукање во скопски Аеродром: 28-годишен Скопјанец заврши во болница

Дваесет и осумгодишно лице од Скопје ноќеска било донесено во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје.

Како што соопшти МВР, денеска во 02:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската oпшта болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен Н. М. (28) од Скопје со повреди од огнено оружје, а кои, според пријавеното, му биле нанесени на булевар „Јане Сандански“ во Скопје.

Н. М. како напаѓач посочил лице од село Горно Оризари, скопско. Известен е јавен обвинител, утврден е идентитетот на сторителот и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Избегнувајте го Центар со возила, дел од улиците ќе бидат затворени

Редакција

Син сам го зел телото на почината мајка од тетовската ковид-болница, случајот пријавен во полиција

Редакција

Автобусот на ЈСП која сообраќаше до „Македонско село“ повеќе нема да вози до таму

Редакција