еМагазин
Image default
Забава

Скопски Брас фестивал од 9 до 11 јуни

Третото издание на Скопски Брас фестивал ќе се одржи од 9 до 11 јуни, информираат организаторите Здружението Макбрас Асоцијација и Скопскиот Брас фестивал. Оваа година, во рамките на фестивалот ќе се одржат 3 концертни настани, еден семинар, детска работилница и изложба на инструменти од брендовите на Буфет Крампон.

Како главен гостин на ова издание е светски познатото дуо Штајнер/Хохвартнер составено од Питер Штајнер на тромбон и Констанце Хохвартнер на пијано.

„Питер Штајнер е предводник на новата генерација на тромбонисти, а како член на ова дуо има одржано повеќе од 100 концерти во САД, Австрја, Тајланд, Јапонија, Германија и сл.

Победник е на натпреварот „Чајковски“ во Русија, а има настапувано како солист со оркестрите Марински и симфонискиот оркестар на Рио де Жанеиро. На 23 години се вработува во престижната Виенска Филхармонија, а настапува како прв тромбонист со најдобрите оркестри како Минхенска, Њујоркшка, Дрезденска филхармонија, како и со симфониските оркестрите на БиБиСи и Далас.

Својата едукација ја добива на факултетите во родното Болцано и на познатиот „Моцартеум“ во Салзбург, а се дообразува на најпрестижниот музички факултет во Њујорк, Џулијард. Покрај концертот, дуото ќе одржи и семинар на 10 јуни, сабота,“се вели во соопштението.

Концертите на 11 јуни ќе се одржат на две локации, утринскиот во градскиот парк, на Школка. Овој настан ќе започне со интерактивната детската работилница „Фамилија Металковци“ на која најмладите ќе се запознаат со лимените дувачки инструменти преку звуците на Дизни.

Потоа следува концерт и парада на Градскиот Дувачки Оркестар, како и настап на Скопски Брас Квинтет, Квартет Тромбони. Затворањето на фестивалот ќе се одржи во кафе бар Централ на улица Македонија со настап на домашните Брас Браќа и Брастет.

“И оваа година се надеваме дека ќе продолжиме со промоцијата на лимените дувачки инструменти и негувањето на културата на изведување на секаков вид на музика на истите, но и дека публиката ќе ужива во звуците на лимените инструменти“, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Љубчо Георгиевски во одбрана на Гарванлиев

Редакција

Фронтменот на „Мизар“ Горан Таневски издава три нови албуми по повод 35 години кариера

Редакција

Со кревањето на фестивалското знаме започна „Макфест“

Редакција