еМагазин
Image default
Локално

Маалски игри без граници кај „Авионче“ во петок

Со цел популаризација на маалските игри, поголема социјализација на децата и едукација за важноста од физичката активност викендов го организираме настанот Маалски игри без граници.

Овој петок (9 јуни) во периодот од 17 до 20 часот паркот „Авионче“ во Општина Аеродром ќе биде претворен во големо игралиште каде децата и младите ќе можат да се едуцираат, натпреваруваат, другаруваат и забавуваат на настанот Маалски игри без граници.

Играњето игри пред маалата и дружењето проследено со детски џагор е сѐ помалку присутно во скопските населби, a во минатото тоа беше препознатлив симбол на маалскиот живот кај скопјани. Модерното време ја донесе дигитализација, децата се оттргна маалата и играта, а тоа придонесе децата сѐ помалку да се социјализираат.

Нашата цел е реафирмирање на маалските игри без граници кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Исто така, наша цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.

„Зошто е важна физичката активност кај децата и младите“ е насловот на мастеркласот кој ќе го модерира Мирослав Кацаров, а негови гости ќе бидат фитнес едукаторите Немања Миловиќ и Даниел Трбогазов.

Немања Миловиќ е професор на Факултетот за физичка култура од Нови Сад, интернет сензација и најсподелуван фитнес едукатор на социјалните мрежи.

Даниел Трбогазов е локален фитнес инструктор, кој е застапен на многу полиња и постојано е во мисија да ја подигне фитнес културата во Македонија.

Децата ќе имаат можност да се натпреваруваат во народна, џамлии, грабни стапче, граница, сакате ли војна, плочка, влечење со јаже, куќа, ластик и штркот бира боја. Како дополнителни бонус активности ќе можат да учествуваат во трка со балансери, кошаркарски предизвик и креативни работилници.

Покрај овие активности најавуваме многу музика, подароци и забава за целото семејство!

Поддршка, како и повик за заедничка маалска дружба до своите следбеници на социјалните мрежи упатија: Дејан Манасков, Павле Камиловски, Адријан Гаџа, Даниел Трбогазов, Татјана Алексиќ, Маја Глигоровска, Ивона Јовановиќ, Александра Пановска-Илиевска, Милена Антовска, Ева Јакимовска, Марко Маринковиќ – Слаткаристика, Мирослав Кацаров, Теа Трајковска, Маријана Станојковска, Александар Динев, Стојанче Стоилов и други.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени девет танчерки во угостителски објект во Тетово

Редакција

Бугарка посредувала при проституција во Тетово

Редакција

Денеска и утре ќе бидат затворени улици низ Скопје, поради митинзи

Редакција