еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сергеј Самсоненко купи акции во Жито Полог, сега поседува 19,86% од акциите

Од Жито Полог АД Тетово преку Македонската берза информираат дека акционерот Сергеј Самсоненко се стекнал со 2.469 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и сега поседува вкупно 11.119 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог, што претставува 19,86% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.

-Акционерот Златко Пирузе продаде 6.417 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и во моментот на давањето на овој извештај нема во сопственост обични акции издадени од Жито Полог.

Друштвото за реклама, маркетинг, трговија и услуги Лид комјуникејшнс ДОО Скопје се стекна во сопственост со 6.417 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог, што претставува 11,46% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото.

Друштвото за трговија, производство и услуги Ас Сењак увоз-извоз Селаудин Арифи ДООЕЛ продаде 2.469 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог и сега поседува вкупно 7.679 обични акции со право на глас издадени од Жито Полог, што претставува 13,71% од вкупниот број на издадени акции на Друштвото, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жито Полог лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД

Редакција

За шест месеци Алкалоид инвестирал 490 милиони денари и има 127 нови вработувања

Редакција

Осигурителниот пазар порасна за 5%, продажбата на полиси достигна 43,7 милиони евра

Редакција