еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД

Во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), кое е во фокусот на јавноста по упадот таму, а кое е препознатливо поради високите плати, но и бројните партиски вработувања, се вработени и роднини на тројца актуелни министри, како и роднини на поранешни министри и пратеници, објави КОД, кој се емитува на телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи и Бектеши вината за инцидентот во М-НАВ ја префрлиле на Синдикатот, објави КОД

Три лица осомничени за упадот во М-НАВ се се уште во бегство

Станува збор за сестра на министерот за надворешни работи и потпретседател на владејачката ДУИ, Бујар Османи, снаа на првиот вицепремиер и министер за полтички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, исто така од ДУИ, внук на министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски од владејачката СДСМ, снаата и синот на поранешниот пратеник на ДУИ, Ејуп Аљими, внукот на советникот во М-НАВ, Беким Незири од ДУИ, кој е еден од осомничените за упадот таму, внукот на заменик-министерот за внатрешни работи Назим Буши.

Според КОД роднините на Николовски и Незири работат како помошници контролори, а во оперативни работи е и сестрата на Османи, додека останатите се во администрација.

Османи за КОД изјавил дека сестра му таму работи 15 години, а Николовски дека „станува збор за високостручен професионален кадар школуван во Јапонија, Кина, дипломиран на проблематиката каква што се бара на високорангиран универзитет во Словенија, со сите професионални капацитети за какви Република Северна Македонија треба да се бори да ги задржи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Силјановска Давкова на трибина на ВМРО-ДПМНЕ: Односот на Бугарија кон Македонија е надвор од начелата на ЕУ

Редакција

Алијансата за Албанците до Хан: Испратете ни обвинител од ЕУ за сериозно да се бориме против криминалот и корупцијата

Редакција

Шефот на ЕУ дипломатијата, Борел: Светот се соочува со драматична ситуација, војната во Украина нема наскоро да заврши

Редакција