еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Владата поради инцидентот во Македонска навигација (М-НАВ), акционерско државно друштво, одлучи да разреши само двајца од тројцата директори таму.

Разрешени се претседателот на Управниот одбор на М-НАВ и извршен директор, Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор, Љубе Стаменковски.

На нивно место доаѓаат Хекуран Асани и Милан Кораќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Секторскиот директор Хасим Деари, пак останува на истата функција.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија, кога дошол на оваа функција.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

Вози Фолксфаген пасат, а пријавил и кредит од 1,2 милион денари кој треба да го врати до 2028 година.

Кредит од 610 илјади денари пријавил и на име на сопругата, кој има ист рок на враќање.

На име на родителите пријавил куќа и земјиште во Гостивар, од наследство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За плати, награди и надоместоци на Управниот одбор на Макпетрол лани исплатени 45,7 милиони денари нето

Редакција

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на владината Служба за општи и заеднички работи за набавка на масло за горење вреден 57.000 евра

Редакција