еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека одлуката на властите во Македонија да го избришат од регистарот бугарскиот клуб во Битола е израз на немоќ и паника.

– Оваа вест одекнува лошо во ЕУ. Властите во Република Северна Македонија мора конечно да признаат дека има македонски Бугари и бугарско присуство во РСМ, не од денес и вчера, туку со векови – 1300 години.

Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише цврстата определба на Бугарија, европските институции и нашите европски партнери, РСМ да ги впише Бугарите во Уставот. Ова е почетна точка за интеграција на нашиот сосед во ЕУ, изјави Радев пред почетокот на состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Централниот регистар вчера го избриша од регистарот бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, по одлуката на Министерството за правда донесена врз основа на добиеното мислење од Комисијата за употреба на имиња на личности.

Комисијата за употреба на имиња на личности се изјасни дека именувањето на здружението „Иван Михајлов“ е провокација за националните чувства на македонскиот народ имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ, а истовремено предизвикува нетрпеливост, нетолеранција и омраза во македонското општество.

Согласно Законот за здруженија и фондации, што беше донесен по скратена постапка во ноември 2022, бугарските клубови беа обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување. Рокот за поднесување на барањето за пререгистрација истече на 16 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарското МНР поради бришењето на клубот во Битола ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

МИА/Фото: Радев/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Телата на загинатите во автобуската несреќа ќе бидат пренесени авионски во четврток и најдоцна до петок ќе бидат предадени на семејствата

Редакција

Одобрена нова систематизација: Бројот на вработени во МРТ ќе се зголеми за 460 лица

Редакција

Убава вест: 23 оздравени од Ковид-19

Редакција