еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарското МНР поради бришењето на клубот во Битола ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права

Бугарското Министерство за надворешни работи поради бришењето на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ од Централниот регистар (ЦР) ја обвини Македонија за кршење на Европската конвенција за човекови права, а исто го смета за тенденциозно, пренесуваат бугарските медиуми.

„Институциите во Скопје не изнесоа вистински аргументи за оспорување на регистрацијата на бугарските здруженија. Својата одлука ја донесоа исклучиво со непринципиелно, еднострано и тенденциозно ставање на имињата на здруженијата во искривен историски и идеолошки контекст.

Фактот дека верувањата на Бугарите во Северна Македонија не се компатибилни со актуелната официјална идеолошка доктрина во оваа земја не значи дека овие верувања се неспојливи со демократските принципи и правниот поредок“, велат од бугарското МНР.

За Бугарија, оценките и квалификациите за ликот на Иван Михајлов во Македонија не се засноваат на обемниот корпус на историски докази за него и се насочени кон зачувување на „монополот на намерно и ревизионистичко толкување на заедничката историја“ и таа отфрла поврзаност на Михајлов со фашизамот.

„Обвинувањата за антисемитизам се особено неосновани. Самиот Иван Михајлов, неговата околина и раководството на ВМРО постојано имаа почитувачки и добронамерен однос кон еврејската заедница. Не случајно еден од неговите најблиски соработници, Владимир Куртев, член на последниот состав на ЦК на ВМРО, е прогласен за праведник на светот од државата Израел“, нагласува бугарското МНР.

Во реакцијата се упатуваат обвинувања кон Македонија дека се крши Европската конвенција за човекови права.

„Северна Македонија која брани едно толкување на историјата и забранува изразување на различни мислења, дури и ако тие мислења се критички на наметнатиот официјален наратив, јасно ги крши основните принципи на ЕУ за правата на слободно изразување и слободно здружување.

Овие принципи се заштитени со членовите 10 и 11 од Европската конвенција за човекови права, а Скопје е должно да ги спроведе во целост, без разлика дали се прифатливи за властите или за дел од локалната јавност“, велат од таму.

Македонија се обвинува и дека не ги почитува договорите од минатата година кога беше постигнат договор врз основа на францускиот предлог. Македонија, велат од бугарското МНР, презеде јасна обврска да ги преземе неопходните активности за да и обезбеди на бугарската заедница ефективен пристап до еднакви права, заштита од дискриминација и заштита на нејзиното културно наследство и идентитет.

Во реакцијата бугарското МНР вели и дека бавно се спроведувала правдата во однос на расчистување на инцидентите со бугарските клубови.

Сметаме, стои во реакцијата, дека овој пристап ги охрабри и последователните напади кои следувале врз Бугари и бугарски организации во Македонија.

„Нашата загриженост е дека институциите во Скопје, наместо да се обидуваат да спречат нови злосторства врз локалните Бугари и претставниците на бугарската држава, трошат енергија и време обидувајќи се да покажат дека проблем всушност не постои. Овој пристап е контрапродуктивен за аспирациите на Скопје за што побрза европска интеграција“, велат од бугарското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев го критикува бришењето на бугарскиот клуб во Битола

(Фото) Бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ избришан од Централен регистар

Фото: Фејсбук/бугарско МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со кревањето на фестивалското знаме започна „Макфест“

Редакција

Бизнисменот Стајиќ на Фејсбук објави дека бил рекетиран, случајот ќе го пријави во Обвинителство

Редакција

Банките и штедилниците најавуваат нови производи за „зелено кредитирање“

Редакција