еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Со кревањето на фестивалското знаме започна „Макфест“

Со познатите песни, кои се македонски и балкански евергрини претпладнево се крена фестивалското знаме, започна фестивалот „Макфест“.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, Пајак и Лара (кои според публиката ја имаат насјлушаната песна „Бела“ во текот на годината), официјално го кренаа знамето на Макфест, кај хотелот „Оаза“ во Штип.

Вечерва и утревечер во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип ќе се испеат вкупно 26 забавни песни, од кои публиката вечерва ќе слушне 13, а пет од нив ќе влезат во втората фестивалска вечер.

Александар Арсовски, организатор на „Макфест“ од Општина Штип вели дека вечерва во ревијалниот дел ќе настапат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска.

-На втората фестивалска вечер ќе имааме вкупно 18 композиции. Петте песни од првата фестивалска вечер ќе бидат избрани по пат на гласање од страна на публика во салата и од стручното жири кое ќе брои седум членови, вели Арсовски.

Уметничкиот директор на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, Роберт Саздов вели дека годинава има одлични песни, а на сцената имаат и млади изведувачи, но и искусни кои веќе настапувале на фестивалот, а нивните песни се и хитови.

-Имаме музика од сите жанрови, ќе биде одлично. Тоа ви го ветувам, ќе бидете сите пријатно изненадени. Навистина, јас и Јован Јованов ја направивме селекцијата, ги контактиравме пејачите и оваа година очекувам дека ќе го надминеме минатогодишното издание. Има една изрека „Следи го својот сон, а не конкуренцијата“. Така што, ние имаме одредена визија, вели Саздов.

Песната „Бела“ во изведба на Пајак и Лара е најслушана во текот на годината, од кои само на еден канал имаат 27 милиони прегледи. Пајак и Лара на денешната прес-конференција истакнаа дека се горди што имаат хит и тоа на балканско ниво.

-Навистина ни е огромна честа што ќе ја примиме наградата за најслушана песна. „Бела“ е песна којашто навистина стана хит во Македонија и пошироко на Балканот. Благодарни сме што цела Македонија ни беше поддршка, дека македонскиот јазик се слуша и надвор. Тоа е многу добро што со една песна ја проширивме нашата музика, велат Лара и Пајак.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека годинава Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ чини околу шест милиони денари. Средствата се од буџетот на Општина Штип, но помагаат и општествено одговорни компании.

-Втора година по ред и покрај тоа што не добиваме поддршка, како локална самоуправа од Министерството за култура, не дозволуваме овој фестивал да згасне, туку напротив, се трудиме да создадеме нови вредности, вели Јорданов.

Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ почнува вечерва во 20:15 часот, директен пренос ќе има на МТВ, а водители оваа година се шармантните и забавни Маријана Стојановска и Димитар Атанасовски.

МИА/Фото: Фејсбук/Иван Јорданов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Да беше живо СЈО сеа требаше да отвори предмет: Откуп“: Твитер реакции за помошта од Владата за Арачиново

Редакција

Две куќи, стан, чамец, деловен простор: Каков имот пријавил Енвер Малиќи, кој стана почесен конзул на Мексико во Македонија

Редакција

Бугарија ја саботира резолуцијата за македонско-американско наследство во САД, ново отворено непријателство од Софија

Редакција