еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Бугарија ја саботира резолуцијата за македонско-американско наследство во САД, ново отворено непријателство од Софија

Додека разно-разни функционери на Европската унија и САД ја убедуваат Македонија да го смени уставот за да во него влезат и Бугарите, источниот сосед отворено покажува ново непријателство.

Во САД, Бугарија ја саботира резолуцијата на републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон, со која септември 2023 година треба да се прогласи за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резолуција во американскиот Сенат за македонскиот јазик, култура и историја

Бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка Марија Габриел во бугарското Собрание изјави дека МНР на Бугарија ќе направи се таа резолуција да не донесе.

Информираше и дека кога бугарското МНР дознало за поднесената резолуција презело активности и дека амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложи резолуцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ќе направи сè американскиот Сенат да не донесе резолуција за Македонците, вели бугарската министерка за надворешни

Со овој чин Бугарија, членка на ЕУ, уште еднаш по којзнае кој пат покажува што мисли за Македонците, нивниот јазик, историја, идентитет и за својот сосед.

И после ќе ни дојдат нови емисари од ЕУ и на нас ќе ни држат лекции дека добрососедските односи биле важни. Да, секако дека се важни. Но, како да бидеш добар сосед на земја која отворено покажува непријателство. Нека пробат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Комисијата за заразни болести препорачува укинување на ковид-сертификатите за влез во моловите

Редакција

(Фото+видео) Мадона наполни 62 години: Роденденот го прослави со марихуана на Јамајка

Редакција

Владата им препорачува на работодавачите да организираат работа од дома

Редакција