еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Мостот „Беласица“ во Скопје од денеска делумно отворен за сообраќај

Мостот „Беласица“ од денеска ќе биде отворен за сообраќај само за лесни возила во двете крајни коловозни ленти, додека двете средишни коловозни ленти ќе бидат отворени во моментот кога ќе завршат градежните работи од страна на ЕСМ, информираа од Град Скопје.

– Согласно експертскиот извештај за состојбата на мостот на булеварот „Беласица“, утврдено е дека истиот нема структурни оштетувања што ја нарушуваат безбедноста на мостот.

Од извештајот констатирано е дека има површинско напукнување на надворешниот бетонски слој во средишниот дел на едната страна на мостот, предизвикано од горењето на изолацијата на топловодните цевки на ЕСМ, што ЕСМ ќе го санира со цел поставување нови топловодни цевки како нивна обврска за овозможување непрекинато снабдување на граѓаните на градот со топлинска енергија, информираа од таму.

Мостот е затворен за сообраќај од 12. мај кога избувна пожар.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маричиќ ќе го предводи тимот што ќе преговара со ЕУ: Кој друг ќе биде во него

Редакција

Чадиковски реизбран за претседател на Здружението на новинарите на Македонија

Редакција

Истражување: Допрва ни се закануваат поекстремни временски услови, како резултат на климатските промени

Редакција