еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Османи и Бектеши вината за инцидентот во М-НАВ ја префрлиле на Синдикатот, објави КОД

На седницата на Владата на која се донесе одлука за разрешување на двајца од тројцата директори во државното акционерско друштво Македонска навигација (М-НАВ), министрите на ДУИ, Бујар Османи, министер за надворешни работи и Крешник Бектеши, министер за економија, вината за случувањата таму сакале да ја префрлат на Струковиот синдикат на контролорите на летање, објави КОД, кој се емитува на телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во М-НАВ вработени роднини на Османи, Груби, Николовски, Незири, Аљими, Буши, објави КОД

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Според КОД, тие му сугерирале на премиерот Димитар Ковачевски, дека ако бидат сменети директорите во М-НАВ, тоа би било толкувано како попуштање на Синдикатот.

Таквата дискусија била прекината од Ковачевски и други министри со образложение дека воопшто не станува за состојба која што би се толкувала како победа или пораз, туку за состојба која бара итна реакција поради воздушниот сообраќај и меѓународните обврски на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Хекуран Асани, предлог на Владата за нов директор на М-НАВ

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Каков имот пријавил Хасим Деари, секторскиот директор во М-НАВ, кој не е разрешен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Две девојки од Македонија освоија титули на изборот за Miss Top model earth 2023 во Грузија

Редакција

Прва тужба поради родова дискриминација во спортот: Повредени правата на женските боречки клубови

Редакција

Загинатиот возач во денешната сообраќајка во Бугарија не е македонски државјанин

Редакција