еМагазин
Image default
Македонија

Загинатиот возач во денешната сообраќајка во Бугарија не е македонски државјанин

Возачот на камион кој утрово загина во сообраќајна несреќа на автопатот Тракија во Бугарија, не е македонски државјанин, јави дописникот на МИА од Софија.

Портпаролот на Окружното обвинителство во Стара Загора, Георги Видев за МИА изјави дека загинатиот возач е државјанин на Црна Гора, а камионот што го управувал било со црногорски регистарски таблички.

Сообраќајната несреќа во која учествуваа два камиона се случи утрово околу 06:40 часот по бугарско време (05:40 по македонско време) на 161-от километар на автопатот Тракија на коловозната лента во правец кон Софија, кај местото Оризово во реонот на Стара Загора.

До несреќата дошло кога едниот камион удрил во другиот, што стоел на крајната коловзна лента. При судирот дошло до излевање на гориво на автопатот од двата камиона, поради што сообраќајот се одвиваше само на една коловозна лента и се формираше колона возила во должина од околу пет километри.

Бугарскиот медиуми првично јавија дека во несреќата учествувале турски и бугарски камион и дека загинатиот бил возач на возилото со турски регистарски таблички.

ТВ21, пак, повикувајќи се на првични неофицијални информации од бугарското Министерство за внатрешни работи јави дека загинатиот бил возач на камион со македонски регистарски таблички.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еден загинат при судир на два камиони во Бугарија, едниот со македонски регистарски таблици

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државјанин на Полска баран од Интерпол се обидел со фалсификувана лична карта да помине преку Богородица

Редакција

Граѓаните кои одбиваат решенија за самоизолација и даваат лажни податоци за контактите, ќе одат во државен карантин на своја сметка

Редакција

Починаа уште шест лица од Ковид-19, вкупно 2.702

Редакција