еМагазин
Image default
Да помогнеме ТОП СТОРИИ

(Фото) Три деца во радовишко живеат во многу тешки услови, да помогнеме

Три деца во радовишкото село Прналија живеат во многу тешки услови, објавија на Фејсбук од Проект среќа.

“Овие златни деца живеат со баба и дедо во село Прналија, радовишко. Скоро никогаш не пишуваме вакви постови и не објавуваме лица на деца и корисници. Но, ова е исклучок!

Ова семејство е сосема исклучено од остатокот од светот, немаат телефон, интернет, ни телевизија. Живеат во многу лоши услови. А сепак не се жалат, среќни се и со малку, што е многу ретко, во нашата работа….

Беше тешко да ги најдеме, иако знаевме дека постојат. Бевме пресреќни кога пријателите од Рептил маркети се нафатија да им носат донации до самото село, кој никој не сакаше да ги однесе.

Но, сето тоа благодарение на едно семејство со многу големо срце, Македонци кои живеат во Канада, и кои со години помагаат на семејства со храна секој месец, онаму каде што ќе им укажеме дека има потреба! Тоа се семејството Минчеви, односно нивниот син Матеј Минчев, кои се најредовните донатори, кои помагаат семејства.

За Нова година, а и по Нова година им испративме храна, но и нови јакни, чизмички и облека за децата, кои очигледно многу им се потребни, а се донација од компанијата Ми-Да Рент а кар! Среќни сме што среќата им ја гледаме во очите на овие мили и скромни деца, среќни со многу малку!

Затоа, сите Вие наши донатори, сте многу драгоцени за нас и за сите на кои им е потребна помош! Да ги најдеме оние на кои Вистински им треба помош, кои немаат како да не најдат нас, кои парче леб некогаш немаат дневно…Тоа е наш заеднички успех!

Нека семејството Минчеви биде пример за сите, семејство кое нема месец да не прати донација на семејства! Тоа не се само луѓе со големи срца, туку вистински Патриоти! Така се покажува љубов кон родната земја! Заедно создаваме среќа и се грижиме за децата на кои им сме потребни!, пишуваат од таму.

Фото: Проект среќа/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за 1,5 а дизелот за 2,5 денари

Редакција

Голден Арт за 5,8 милиони евра ја купува управната зграда на Раде Кончар – Заеднички дејности

Редакција

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Редакција