Вкупните инвестиции на Алкалоид АД Скопје во основни средства во периодот јануари – јуни 2022 година изнесуваат 490.007.774 денари, информираат од компанијата.
„Во периодот јануари-јуни 2022 година во Алкалоид АД Скопје се реализирани 127 нови вработувања во РС Македонија.
Со одлука на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје, во март 2022 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од нето износ од 30.000 денари“, велат од компанијата.
Групацијата Алкалоид брои 2.609 вработени, од кои 2.011 се во базата во Скопје, а 598 се вработени во подружниците во странство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Акцијата на Алкалоид за шест месеци пораснала за 21,4%
Алкалоид за шест месеци има раст на нето-добивката од 11%, а на извозот од 20%
Фото: Алкалоид