Од Министерството за надворешни работи (МНР) пред неколку дена информираа дека граѓаните кои се во странство со пасош со старото име, по 12. февруари ќе можат да се вратат во земјава со патни листови кои ќе се издават во дипломатско-конзуларните преставништа на Македонија низ светот, ама не кажаа дека тие ќе чинат 30 евра, и дека граѓаните ќе треба сами да си ги платат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Граѓаните во странство со пасоши со старото име, ќе можат да се вратат со патни листови
Наместо МНР, сега за оваа информираат македонските амбасади на социјалните мрежи.
Според информации објавени од амбасадите, патните листови ќе важат 30 дена и важат само за патување во еден правец, кон Македонија.
Потребни документи за издавање на патен лист се пасош, пополнето барање за издавање на патен лист и две слики.
Закажувањето за патен лист е пожелно да биде 1-2 недели пред да патувате за Македонија.
За вадење пак на пасош со „Северна“ во странство, таму каде постои таа опција, ќе чекате и до 75 дена, информираат дел од амбасадите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од среда нема да можете да излезете од државата без пасош со „Северна“
Зошто од среда ќе Ве казнат ако возите со возачка без „Северна„?