еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

31-годишна родилка почина во болницата во Куманово, новороденчето префрлено на Детската клиника

Родилка на возраст од 31 година синоќа починала во Општата болница во Куманово, а новороденчето е префрлено на Детската клиника во Скопје.

Ова и било второ породување, а првото минало без компликации. Од Болницата информираа дека при втората бременост бил откриен гестациски дијабет.

Родилката починала при породување, а таму била примена завчера со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето.

-Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација. Кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиена срцева акција и крвен притисок, веднаш е внесена во сала за операции да се извади плодот, посочи денеска Стефан Трајановски, директорот на Болницата.

Обвинителството поведе истрага, а обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за нејзината смрт.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Ѓорги Поповски, најубав помеѓу тенисерите и најмаркантен помеѓу моделите 

Редакција

(ФОТО) Ново визуелно ребрендирање на ВМРО-ДПМНЕ: Кои се новите бои на партијата

Редакција

Да ги исполниме обврските кон Скопје и Тирана, напредокот на цела ЕУ да не се блокира поради билатерални прашања, порача германскиот министер Рот

Редакција