Маж на возраст од 32 години загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на регионалниот пат Прилеп–Крушево, во селото Врбјани.
Станува збор за Н.З. од Крушево, кој како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола, со возило „опел вектра“ се судрил со возило “ланд ровер“, управувано од А.Џ. (28) од Прилеп.
Н.З. во несреќата се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата во Прилеп, каде починал.
Со телесни повреди се здобила и неговата сопатничката С.Б. (29) од Прилеп, како и возачот на другото возило.
Фото: Унсплеш












