Маж на возраст од 33 години загина вчера во сообраќајка која се случи на патот Дебар-Струга, во близина на дебарското село Отишани.
Станува збор за Б.Р. од Кичево, кој починал на местото на несреќата, а како што информираа од Сектoрот за внатрешни работи Охрид, во несреќата се судриле патничко моторно возило „пежо-406“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот Б.Г. од Скопје и мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, кој бил управуван од починатиот маж.
Во сообраќајката е повредена и 42-годишната М.Г. од Скопје, која била сопатничка во автомобилот.
Таа била пренесена во дебарската Општа болница.
Телото на починатиот е дадено на обдукција.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.