еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ги осуди инциденти пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски

Министерството за надворешни работи (МНР) ги осудува вчерашните инциденти во Скопје, пред, за време и по натпреварот Шкупи – Левски. Насилството, како што наведува, е неприфатливо во ниту еден случај, особено не кога резултира со тешки повреди.

Органите за безбедност, додава МНР, ја имаат сета поддршка во спроведувањето на јавниот ред и мир.

-Повредениот бугарски државјанин е третиран професионално и со соодветна грижа, во моментов тој се наоѓа во стабилна, но тешка состојба, и по хируршкиот третман закрепнува во болница во Скопје.

Претставници на бугарската амбасада се во постојан контакт со повредениот бугарски државјанин и неговите роднини, како и со локалните здравствени власти.

Надлежните органи на Република Северна Македонија веќе ги презедоа и ќе продолжат да ги преземаат неопходните мерки за ефективна истрага и гонење во врска со настанатите инциденти.

Како што и порано во неколку наврати имаме посочено, Република Северна Македонија е слободна земја и добредојдени се сите оние кои сакаат да ја посетат земјава, привилегија која не подразбира дека е прифатливо од овде да се искажуваат навреди, особено не тези кои подразбираат територијални претензии и/или негирање и навреди по основ на етнички, религиски или други идентитетски основи, наведуваат од МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Отворена албанофобија и навреди за Македонците од страна на бугарските навивачи

Според МНР, како и порано, прекршувањето на овие правила ќе биде соодветно адресирано од страна на надлежните институции, а на ваквите поединци ќе им биде ограничена привилегијата за присуство во земјава.

-Република Северна Македонија и Република Бугарија се добри соседи кои политичките разлики ги надминуваат со дипломатски средства, негувајќи ја културата на добрососедски дијалог, наведува од Министерството за надворешни работи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарските навивачи провоцираа во Чаир, вели Спасовски

(Видео) Бугарски навивачи ја нападнаа полицијата на стадионот „Тодор Проески“, има и уапсени

Ново видео од нападот на бугарски навивачи во Чаир

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓански протест пред фабриката „Пејпр мил“ во Кочани, побарана ревизија на А интегрираната еколошка дозвола

Редакција

Што пишува во биографијата на Венко Филипче, новиот потпреседател на СДСМ

Редакција

(Видео) „Ај кју“ ја препеаја „Молитва“ од Виолета Томовска

Редакција