Актуелниот министер за здравство, Венко Филипче е новиот потпреседател на СДСМ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Филпче
Роден е на 13.06.1977 година.
Дипломирал на медицинскиот факултет во Скопје во 2001 година, а во 2008 година ја завршил специјализацијата по неврохирургија, стои во неговата биографија.
Магистериумот по неврохирургија го одбранил во 2011 година, а докторската дисертација во 2015 година.
Работно искуство
Пред да стане министер за здравство беше на позицијата советник за здравство на тогашниот премиер Зоран Заев, од професионалната позиција Доцент на медицинскиот факултет во Скопје.
Во 2004 година е избран за асистент на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во 2017 година е избран за Доцент на Медицинскиот факултет.
Во текот на својата работа се усовршувал во неврохируршки центри во Грац, Белград, Дејтон, Колумбус, Истанбул, Цирих.
Во 2012 година завршува fellowship по интервентна неврорадиологија со што станува првиот неврохирург во Македонија и околните земји кој ја основа хибридната неврохирургија на матичната клиниката во Скопје, стои во неговата биографија.
Свои публикации има објавено во повеќе домашни и странски списанија во областа на неврохирургијата.
Филипче е и секретар на Македонското неврохируршко здружение, како и член на извршниот комитет на Здружението на неврохирурзи на Југоисточна Европа, а во 2016 година бил организатор на Македонско-јапонската невроваскуларна конференција, стои во неговата биографија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Сања Лукаревска, новиот заменик-претседател на СДСМ
Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ