Министерот за здравство Венко Филипче и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се новите потпретседатели на СДСМ.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и министерката за образование и наука, Мила Царовска ги задржуваат потпретседателските места.
Соопштувајќи ги новите кадровски решенија и одлуки, лидерот на партијата Зоран Заев порача дека СДСМ почнува ново четиригодишно поглавје со јасно зацртани цели – европска иднина, економски развој, успешно справување со пандемијата, масовна имунизација, ред, правда и дисциплина, неселективно владеење на правото, европски стандарди дома, реализација на инфраструктурни проекти.
Врвен приоритет, напомена Заев, е и „зелената агенда“, замената на јаглен со гас.
„Силна волја за успешен почеток и завршување на преговорите со ЕУ, добри меѓуетнички и добрососедски односи, се само дел од агендата. Ве уверувам дека наредните четири години СДСМ ќе биде одговорна сила која носи државнички одлуки,“ истакна Заев.
Во однос на Централниот одбор (ЦО), Заев рече дека две третини се нови членови и дека партијата со изборот на членовите направила спој на искуството и новата енергија. Застапени се родовата и возрасната еднаквост.
Во новиот состав на ЦО има луѓе, додаде Заев, од различни сфери, кои се докажале во своето делување, а не биле дел од партиските структури: правници, економисти, социолози, медицински лица, лекари, специјалисти.
„Изгласен е предлогот за партиско освежување на Централниот одбор, две третини се нови лица. Составот е спој на искуството и нова енергија, содржи контуниитет и нови лица. Со ова правиме значајно освежување на најзначајниот орган, но го задржуваме искуството.
Од 120 членови на новиот ЦО, 60 се жени и 60 мажи, целона родова еднаквост. Млади се вкупно 45 члена или 37,5 проценти, што е највисок процент во која било партија во државата,“ нагласи Заев.
За претседавач на Централен одбор е избран Перо Костадинов, актуелниот градоначалник на Валандово.
Организациски секретар е Мартин Попов. Секретар за меѓународна соработка е Бојан Маричиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Две директорки на клиники, Стефановиќ и Пејкова, избрани во Извршниот одбор на СДСМ
Сања Лукаревска избрана за заменик-претседател на СДСМ, на местото на ШекеринскаМИА
МИА/Фото: МЗ